НОВ КУЛТУРЕН БРАН 2017
ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА (камерна) “ДА ГО ПОЗДРАВИШ И ДА МИ ГО БАЦИШ” 16+
од Скопје во Национална установа – Центар за култура “Бели мугри” – Кочани – СЦЕНА

Да го поздравиш и да ми го бациш

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ е документарна претстава, авторско дело на четворица актери и еден режисер. Ја раскажува приказната за растењето, носејќи соништа за себе остварување и соочување со општествените механизми на функционирање.
Темите што се отвораат во претставата (уметноста во себе, надежите, стравовите, борбите за остварување на креативниот потенцијал…) се од разналичните искуства на актерите и зборуваат за борбата за индивидуална слобода.
Каков треба да биде тетатарот денес?; Неговото место во опшетството?; Местото на младинците во општетсвото во кое живееме?; Емотивната слика на индивидуалниот внатрешен конфликт помеѓу интутитивното и рационалното; Слика за вакум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“; се прашања и дилеми што актерите на сцена ги поставуваат и бараат начин да ги одговорат.

Режија: БилјанаРадиноска
Играат: БојанКирковски, НаташаПетровиќ, НенадМитевски, СимонаСпировскаКостовска
Плакат: Фотографскарепликаодделото „ЦрвенВрисок“ наАнаСкјавеловосоработкасоРебекаМоре (Торино, Италија); Интернационаленсаемнасовременауметност – ПаратисимаСкопје, специјаленпроект „UndeRadio“ – Уметноста е (секогаш) воправо.
Дизајн: МагдаленаДилевска
Монтажанавидео: ДраганАлексов
Продукција:АРТОПИЈА – Скопје
Продуцент: Филип Николовски

Претставата е камерна
Влез – бесплатен
Старосната граница на публиката е 16+