Владимир Темков со својата изложба „Житни полиња“ ќе се претстави утревечер пред кочанската публика. Овој настан е дел од осмото издание од Детскиот драмски фестивал на ЦК „Бели мугри“.
Изложбата на академскиот сликар Темков ќе биде поставена во Фоајето на Националната установа, а отворањето е закажано за 19, 30 часот.