Промоција на книгата:

ТРАГИ ВО ВРЕМЕТО

Персонална библиографија на роднокрајниот автор Киро Герасимов

Биографија на авторот

Киро Герасимов,  новинар, поет, публицист и преведувач, роден е 1951 година, во Кочани, Република Македонија. Завршил Филолошки факултет во Скопје, книжевност со македонски. работел како професор по македонски јазик ,бил директор на Домот на културата„Бели мугри“ во Кочани.Се до пензионирањето професионално се занимавал со новинарство и работел како новинар-уредник во Македонската радио телевизија. Автор е на педесет и четири книги поезија,проза, како и книги од областа на историографијата,археологијата,театарот,музиката,спортот.Собирач е на народни умотворби од Источна Македонија кои се објавени во четири книги поезија,проза,народни верувања и обичаи.Преведува од словенечки и српски јазик. Неговата поезија е преведена на полски,словенечки,црногорски ,српски и турски јазик. Автор е на преводот на антологијата на „Малада словенечка поезија“ 1984 година во издание на Книжената младина на Македонија,а се јавува и како составувач и препејувач на „Современата словенечка поезија“ 2007 година,издание на Матичната библиотека„Искра“ од Кочани. Застапен е во зборници и антологии на поезија на македонски и словенечки јазик.Учесник на неколку научни симпозиуми од областа на историјата.  Богат новинарски материјал кој го сочинуваат 120 книги,кои се  наоѓаат во Роднокрајното одделение на кочанската Библиотека.Зад себе како новинар оставил  стотина репортажи и документарни емисии поврзани со повеке краеви и настани во Македонија. Живее и твори во Кочани,Република Македонија.

ПОНЕДЕЛНИК 05.02.2018 година САЛОН ФОАЈЕ 2 ПОЧЕТОК во 18 ЧАСОТ