Бидете дел од една поразлична театарска претстава. Слики и доживувања од нашето секојдневие, кои ќе Ве насмеат или вчудоневидат, сите се дел од оваа „Хумана Приказна”.
Вклучете се во дискусијата со Омбудсман.
Петок 27.12. / Почеток 20 часот

Влезот на претставата е слободен.

Театарската уметност може да послужи како алатка за поврзување на Народниот правобранител со обичните луѓе. Користејќи театарски техники како што се дијалогот, персонификацијата, сценското прикажување на различни примери и ситуации, претставувањето на обете страни (злоупотребувачот и злоупотребениот), можеме да ѝ прикажеме на публиката разни сценарија што на прв поглед може да изгледаат безизлезни ама, со оглед на надлежностите на Правобранителот, тие сценарија на крајот ќе имаат среќна завршница.
Преставата е постмодерна, со фрагментарна структура што прикажува различни ситуации и состојби во кои учествуваат различни личности. Сценариото водеше сметка да опфати некои од проблематичните области како што се: недискриминација и соодветна и рамноправна застапеност; затворски ситуации; здравствени прашања; работи поврзани со деца; деца и возрасни со посебни потреби; трудова политика; образование; социјални работи; пензиско и инвалидско осигурување; полиција; урбанизам и градежништво; животна средина и многу други. Претставата исто така води сметка и за рамноправната родова застапеност; опфаќа сценарија и од урбаните и од руралните средини; претежно е ориентирана кон младината без да ги запоставува притоа постарите граѓани; прикажува сценарија со необразовани лица или лица што завршиле само основно образование.
Со оваа претстава што е тријазична (со титли за гледачите) и ги опфаќа македонскиот, албанскиот и турскиот јазик, и со начинот на кој ќе се прикажува ширум државата, покривајќи повеќе различни општини и региони, се надеваме да дадеме позитивен импулс кон информирањето на граѓаните за надлежностите на институциите, снабдувајќи ги со дополнителни информации, промовирајќи ја институцијата Народен правобранител првенствено пред младите луѓе и жените, зголемувајќи го присуството на Правобранителот во руралните подрачја и промовирајќи ги професионализмот, експертизата и транспарентноста на Канцеларијата на народниот правобранител што несомнено ќе значи нејзино придвижување кон поголема самостојност и кон стекнување на поголема доверба меѓу граѓаните.