Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи Пречистен текст сл. Весник на РМ бр. 167/2015 и член 76 и 76-ж од Законот  за култура (Сл. Весник на РМ бр. 167/2015 и 27/16116/10/47/11, 51/11 136/12, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 член 20 од Законот за вработување во јавниот сектор  (Сл весник на РМ од 27/2014, и 27/2016 и 27/2016, Правилникот за систематизација на работните места во НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани бр. 01-217/1 од 01.06.2018 година, како и согласноста од Министерството за финансии бр. 18-735/1 од 14.01.2019 година, НУЦК „Бели мугри“ – Кочани објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС

За пополнување на три  работни места на неопределено време:

  1. Стручен соработник за сценско музичка дејност (еден извршител);
  2. Хигиеничар (еден извршител).

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните:

Општи услови

да е полнолетен

да има општа здравствена состојба за работно место

со правосилна судска постапка да им е изречена мерка за забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Посебни услови

За работното место под број еден , факултет за музички уметности/средно музичко/ВСС VII – дипломиран етнокореолог

За работното место под број два, основно образование.

Основна плата:

За реден број 1 – 20.974 ден

За реден број 2- 17.370 ден

Кандидатите на огласот се пријавуваат со приложување на докази за исполнување на Општите услови за вработување и тоа:

Доказ за државјанство на РМ

Активно користење на македонски јазик

Да е полнолетен

Да има општа здравствена способност за работно место

Извод од матична книга на родените

Со правосилна судска пресуда да не му е изречена мерка за забрана на вршење на професија, дејност или должност.

За докази за исполнување на посебните услови, диплома, свидетелство оригинал или копија заверена кај нотар.

Кратка биографија

Фотокопија од лична карта

Јавниот оглас трае 15 дена од денот на објавувањето во дневниот печат: “Слободен печат”, “Вечер” и “Лајме”.

Изборот ќе се врши во рок од 10 дена.

Пријавите со потребните документи да се достават дирекно до архивата на НУЦК „Бели мугри“ – Кочани со последниот ден до 16:00 часот,  или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас“

Национална установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани, ул. „Кеј на револуција бб“ 2300 Кочани