НАЦИОНАЛНАТА УСТАНОВА –ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА „БЕЛИ МУГРИ“-КОЧАНИ ОБЈАВУВА

ОБЈАВА бр.01/2019

За давање под закуп на деловен простор во сопственост на Република Северна Македонија со кој располага НУ-Центар за култура „Бели мугри“- Кочани. Во согласност со табеларниот преглед во кој се дадени податоци за деловниот простор, град, адреса, број на локал и ниво, број на катастарска парцела и катастарска Oпштина, површина на деловниот простор, вкупната проценета вредност во денари почетна цена за месечна закупнина во денари, банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од проценетата вредност на деловниот простор во денари, рок на поднесување на пријавите и датум и време на започнување на јавното надавање.