Изложбата „Житни полиња“ на академскиот сликар Владимир Темков од синоќа е пред кочанската публика. Овој настен е дел од содржиние на осмото издание на Детскиот драмски естивал кој во ЦК „Бели мугри“ започна на 20 април.
Изложбата на Темков е јубилејна и претставува избор од неговото творештво во изминатите триесет години. Се состои од 34 слики работени во техниката масло на лесонит.
„Карактеристично за оваа изложба е што секоја поставка е различна. Се менуваат делата во секој град што гостува. Значи, не станува збор за исти слики кои насекаде се покажуваат. Но мотивот е ист: жито, поле, сонце, светлост – од Тиеквешијата и од Кавадарци, мојот роден град. Мислам дека изложбата ќе побуди внимание. Знаете, кога се прави ретроспектива од неколкудецениска работа, се гледа колку авторот оставил печат, колкава е неговата индивидуалност. Сметам дека тоа го постигнав и дека изборот на овие дела ќе привлече внимание кај публиката во Кочани“, вели сликарот Темков, кому ова му е второ самостојно излагање во Цк „Бели мугри“ (прв пат беше овде во 2013 година на ДАФ).
Со изложбата „Житни полиња“ академецот од Кавадарци најпрвин настапил во Мала станица во Скопје и во Културниот центар во Њујорк.
На отворањето синоќа, дректорот на Националната установа
, Коце Стојменов, рече дека изложбата на Владимир Темков во Кочани доаѓа после Кратово и дека во фоајето на ЦК „Бели мугри“ ќе биде во наредните 14 дена. Изложбата е продажна.