Во Националната установа – Центар за култура „Бели мугри”- Кочани на 7 март ќе биде отворена изложба на дела создадени на 16. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2018“ – Куманово.

Ќе бидат претставени 30-ина слики изработени во техника акрил на платно и масло на платно, од 14 автори од Македонија и од странство. На оваа изложба со свои дела ќе се претстави и наш ликовен уметник од Кочани авторката Марија Мицова Гацова.