Национална установа – Центар за култура “Бели мугри” – Кочани има чест да ве покани да ја проследите Промоцијата на романот “До последен здив”.

автор на романот е Анче Пешева:

Родена на 02. 02. 1987год

Живее во Струмица, а досега ги има издадено следниве дела:

Дно“ (роман 2013г,) “Во трка со времето“ (поезија, електронско издание-Македоника 2015г,) “Дрво без корен“ (автобиографски роман, Македонска реч, 2016,) “Две сонца“ (поезија во подготовка) Романот “До последен здив“ е мој трет роман, се надевам не и последен! 🙂

Романот “До последен здив“ е роман кој нѐ учи на љубов без предрасуди, без стеги, љубов посилна од сѐ… Нѐ учи да живееме за љубовта, но и да ја прифатиме смртта како составен и неизбежен дел од животот. Книга која вреди да се прочита, книга која долго ќе се раскажува.

Рецeзент на романот е Лихвицев Симеон, промотор е Славица Цветкова.
 
 
Промоцијата ќе биде реализирана во Салон фоаје 1 при НУЦК”Бели мугри”- Кочани
23.06.2018 година
почеток: 18 часот