КОЧАНИ | вторник, 20 ноември | 20:00 часот | NUCK “Beli mugri “- Kochani / НУЦК “Бели мугри” – Кочани 
Имате можност да уживате во врвен концерт на канадското дуо elsiane, кое е на европска турнеја и за прв пат ќе гостува во Македонија.

Елсиан е канадски бенд составен од Елсиан Каплет и Стефан Сото. Бендот е основан во 2000 година во Монтреал. Сото е талентиран, самоук и инстинктивен тапанар додека пејачката Елсиан Каплет мулти-инструменталист со извонреден глас и класично музичко образование кое го посетувала во нејзиниот роден град Лима (Перу). Заедничкиот сензибилитет кон жанрови како што се џез, рок, електроника и “world music”, како и кон бендовите Massive Attack и Portishead, доведе до единствена креативност помеѓу Елсиан Каплет и Стефан Сото.

Деби-албумот “Хибрид” беше издаден во 2007 година и веднаш почна да добива признанија од целиот свет. Следеа турнеи низ Северна Америка со бендовите Delerium и Beast, како и настапи на фестивалите Монтреал интернационален џез фестивал и Меѓународниот филмски фестивал во Торонто. Соработката со Оливие Дуфур; музика за прославата од 400-годишнината од градот Квебек, со германскиот електро бенд Booka Shade, како и со познатата компанија Cirque du Soleil, го зацементираа статусот на дуото Elsiane како еден од најперспективните бендови кои доаѓаат од северноамериканскиот континент.

2012 година Elsiane го издадоа нивниот втор албум “Механика на емоции”, каде што го претставија новото чувство за светлина и сенка во нивните длабоки и мистични трип-хоп песни. Следеа концерти во Русија, Полска, Грузија, Турција, Чешка, Италија, Португалија, Шпанија, Германија, Аргентина и Мексико.
Актуелниот, трет студиски албум „Смртта на младиот уметник“ самостојно го објавија во почетокот на 2017 година и за своето ново уметничко дело експресно добија исклучително позитивни реакции од своите верни фанови, како и одлични оценки од многу музички критичари.

„Ако Бјорк и Били Холидеј имале дете, потомок ќе им беше Elsiane“ – Craig Norris, CBC Radio 3

„Мистично и космично, амбиенталната музика на ова дуо од Монтреал не вовлекува во еуфорија што не носи далеку од баналноста на секојдневието. Прекрасно!“ – Clin D’Oeil

„Експериментално ремек-дело! Невозможно е да се одреди жанрот на овој бенд. Тие имаат потенцијал да стигнат до голем број на фанови и љубители на различни музички стилови.“ – Aso Tamaki, Sputnik Music

„До неодамна јас цинично да се тврди дека во иднина нема да се појави ниеден уметник кој ќе успее да парира на познатата Бјорк во однос на апсолутна самодоверба во преносот на личните емоции со единствен глас. И тогаш се појави Елсиан! Вокалот Elsieanne Caplette едноставно е извонредна, додека интелигентните мелодии на виолината, гитарата и бас линиите се обединети околу бурниот ритам за кој е задолжен тапанарот и перкусионист Стефан Сото.“ – The Manitoban

Покровител на настанот е Општина Кочани, во соработка со RockSvirke.com – Белград, здружение ikigai и НУЦК „Бели мугри“ – Кочани

Website: http://www.elsiane.com
Facebook: https://www.facebook.com/elsiane
Twitter: https://twitter.com/elsiane
Instagram: https://www.instagram.com/elsiane_official
YouTube: https://www.youtube.com/vaporous07
SoundCloud: https://soundcloud.com/elsiane
Bandcamp: https://elsiane.bandcamp.com
Spotify: https://open.spotify.com/artist/0gbJdZ0gqf7y9NnCbfV3vp
Deezer: https://www.deezer.com/en/artist/260586