ФИЛМ

Од појавата на првите подвижни слики во 1895 поминале многу години за да се појават во Кочани. Пионерските обиди на киноприкажувањето во Кочани го прават Иван Трифунов, Аспарух Измирлиски и Јордан Китанов – Лолето во 1932 година, со прикажување на филмови во Соколаната. Но, најголемите забрзани движења се прават по формирањето на Околискиот народен театар, во зградата во која се играат театарски претстави, се прикажуваат филмови, од југословенска и светска продукција.

По изградбата на објектот, а посебно по формирање на Домот на културата на филмското платно, годишно поминуваа по стотина филмови. Тој тренд се задржува до деведесетите години на минатиот век.
Денес филмот полека го враќаме на филмското платно. Тоа го нуди современата дигитална технологија со која располага Центарот за култура.