СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ

Ансамблот за староградски песни „Бели мугри“ при Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани, меѓу народот познат како „Распеани кочанчани“ е основан 1975 година.

Во продукција на „Југотон“ – Загреб, 1977 година е објавена првата ЛП-плоча со 11 песни и едно оро. По две години, во 1979 година, во продукција на „Југотон“ – Загреб е објавена втората ЛП-плоча со 12 песни и едно оро.

Пет години подоцна, 1984 година, во издание на дискографската куќа „Југодиск“ – Белград е објавена третата ЛП-плоча со 12 песни, но овојпат и со аудиокасета.

1987 година Домот на културата „Бели мугри“ – Кочани, во издавачката куќа РТБ – Београд, ги објавува последните две, четвртата и петтата ЛП-плоча, на кои се поместени по 12 песни.

Староградски народни песни се песни настанати во градските средини и кои го опеваат градскиот живот. Во нив се пее за калдрмисани улици, за занаетчиски дуќани, за разни занаети, за љубовта  меѓу младите занаетчии и убавите девојки и сл. Во процесот на нивното создавање значаен удел имало и орото. Во нив често се чувствува и книжевното влијание, влијанието на граѓанската поезија на соседните народи, но влијание и на ориеналниот фолклор. (Марко Китевски)