ТЕАТАР

Темелниците на театарската културно-уметничка дејност се поставени во далечната 1905 година кога во Кочани, во тогашното келијно училиште „Метово“ е изведена првата театарска претстава „Геновева“. Во периодот меѓу двете светски војни театарот е еден од основните облици на културно надградување на кочанчани. Од „Јазовец пред суд“, „Три бекрии“ на Петар Кочиќ во 1930/1931 година па се до „Покојник“, „Колера“ и „Една ноќ во харемот“ на Бранислад Нушиќ во 1937/38 година драмската секција при Монополското друштво, во Монополот, а подоцна во Соколаната одигрува дваесетина театарски претстави.

За време на втората светска војна се игра претставата „Христо Ботев“, а се прават напори да се играат и други претстави.

Во Втората светска војна театарот зазема место во културно-уменичката дејност во Кочани. Во почетокот се играат претежно драмски текстови кои се играни пред војната, за во 1950 година аматерскиот театар прераснува во професионален, Околиски народен театер. Во театарот се одиграни 56 премиерни претстави на највисоко ниво. Во 1959 година од неразјаснети причини се укинува театарот. Неговото место го пополнува Работничкиот универзитет.

1957/1958 година започнува со изградба на објектот во кој денес се наоѓа Центарот за култура. На 29 ноември 1964 година е пуштен во употреба објектот како составен дел на Работничкиот универзитет, а во 1968 година е формирана нова културна установа, Дом на културата, која подоцна по предлог на Иван Гацов го добива името „Бели мугри“. Од формирањето на установата од претставите „Кога жената е нема“ и „Алексадрија“, па до денес, во Центарот за култура се поставени повеќе од 120 театарски претстави. Сите имаат предзнак аматерски, иако во голем дел од нив играа врвни мајстори на театарот кој го носеа репертоарот на професионалниот Околиски народен театар.

Театарската дејност при Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани е една од основните дејности на која се потпира установата. Театарот е добитник на повеќе награди и признанија.