Историја

Директори на национална установа Центар за култура Бели мугри – Кочани

  • 1968 година – Иван Гацов
  • 1971 година – Борис Стојчев
  • 06.04.1987 година – в.д.Ристо Јуруков
  • 04.05.1987 година – Киро Герасимов
  • 01.02.1988 година – в.д. Снежана зафировска
  • 07.06.1988 година – Благој Пенов
  • 25.05.1999 година – Милан Стојков
  • 17.02.2003 година – в.д. Благој Пенов
  • 10.11.2003 година – Георги Тодоров
  • 26.03.2007 година – в.д. Благој Пенов
  • 24.04.2007 година – Коце Стојменов
  • 2016 година – Кристина Атанасова Арсова
  • 2017 година – в.д. м-р Александра Димитрова

Управен одбор

Управниот одбор го сочинуваат пет претставници што ги именува и разрешува министерот за култура, од кои двајца претставници се од редот на истакнати поединци од областа на културата, еден е од локалната самоуправа и двајца претставници од вработените во установата. Во установа со помалку од десет вработени, во управниот одбор се именува еден член од вработените, еден од локалната самоуправа и три члена од редот на истакнати поединци од областа на културата. Претставникот на локалната самоуправа во управниот одбор го предлага градоначалникот на единицата на локалната самоуправа каде што се наоѓа седиштето на установата. (член 35 став 2, Закон за културата, „Сл. весник на РМ“ бр.  31/98, 49/2003, 82/2005, 24/2007, 116/10, 47/11, 51/11 и 136/12).

Состав на Управниот одбор на Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани:

Голубинка Салтирова – претседател,
Александар Ангелов – член,
Валентина Захариева – член,
Габриела Стефановска- член и
Ѓорѓи Серафимов – член.

Капацитет

Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани располага со голема сала со капацитет во моментот од 438 седишта од кои 360 по партер и 78 на балкон. Димензии на сцената се: отвор 9 х 5,20м., и сцена 19,60 х 9,45 м со површина од 232 м2.

Објектот има изложбени простории и простории за промоции со површина од 219 м2. Просториите нудат можност за поставување на изложби или промоции на неколу настани истовремено без меѓусебно да ја нарушуваат концепцијата. Промоциите можат да ги следат од 70 – 120 посетители во зависност во која просторија се одржува настанот или од 17 – 30 дела во зависност од форматот на ликовните дела.

Летната сцена со димензии 16 х 8 м за време на топлите денови во годината ги пречекува уметниците од сите облици на уметност.