Петровденските конаци започнуваат вечерва, со тоа што ќе изостане промоција на книгата „Музичкиот инструмент кемане во Македонија“… која е презакажана за 11 јули. Отварањето на деветото издание на оваа меѓународна културана манифестација ќе се случи во 20, 45 минути со фолкорниот концерт „Средсело надигрување“ на Летната сцена на ЦК „Бели мугр“ во Кочани, организатор на „Конаците“.
Утревечер во 19, 45 часот исто така на Летната сцена на кочанската Национална установа е предвиден детскиот музички фестивал „Детски музички бранови“, а в четврток, 3 јули, во Фоајето на „Бели мугри“ ќе може да се проследи изложбата „Ликовен перформанс минато“.
„Петровденските конаци“ ќе траат до 12 јули до кога ќе можат да се проследат низа на концерти, изложби, театарска претстава, гостување на поети од Балканот, концерт на Есма и Ансамблот Теодосиевски и Влашки етно фестивал на Пониква