„Балканските војни во Македонија“, изложба на Музејот од Куманово, в четврток (3 април)……е во Кочани, во ЦК „Бели мугри“. Станува збор за изложба на фотографии, скици, факсимили, преписки, писма и други документи поврзани со Првата и Втората балканска војна.

Автори се Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив, и историчарот Александар Трајковски. Изложбата ќе биде поставена во Фоајето на кочанската Национална установа, а отварањето е закажано за 12, 30 минути.