Драмска група „Дивјаци“ , која ја сочинуваат ученици од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ од Скопје, денеска, на претпоследниот ден……од Детскиот драмски фестивал на сцената на ЦК „Бели мугри“ ја одигра претставата „Волшебната езерска бајка“. Сценариото и режијата се на Анета Г. Велковска, а костимографијата ја направи Јадранка Переска. Играа : Давор Тодороски –таткото на сирените, Валентин Манасиевски –пиратот, Бојан Василевски –соседот, Стефан Димитровски –соседот, Марија георгиевска –сирената –домаќинка, Јована Крстиќ –сирената –танчарка, Ева Херцег –сирената –манекенка, Ива Цветковска –сирената –писателка, Сара Алексовска –сирената –фудбалерка, Калина Ботева –сирената –виолинистка, Елена Димитриева –сирената –пејачка, Марија Шумковска –сирената –сликарка, Љубица Неткова –наратор, Захарија Порчу –помошник, Димитрина Бошковска –помошник, Бојан Гиновски –помошник и Синиша Зукиќ -рибарот.