Учениците од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица ги имаа своите „пет“ минути во……кочанската НУ ЦК „Бели мугри“ на седмиот ДДФ. Младите актери-аматери од соседната општина се претставија со комедијата-гротеска под наслов „Животот (не) е бајка“, чиј автор и режисер е Марија Василевска –Стојановска, професор по македонски јазик. Улоги:
Ученик –Томи Ангеловски, Наставничка по македонски јазик, Ангела Златановска, Наставничка по англиски јазик –Јована Николовска, Наставничка по историја –Лора Стојановска, Наставничка по математика –Тамара Стоиловска, Наставничка по религија –Антонела Јовановска, Наставничка по Ф.З.О. –Моника Спасевска, Наставничка по музичко –Сара Стојановска.
Утре е последниот ден од ДДФ, на кој ќе настапат учениците од ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово со претставата „Што се случува со нашите животи“. Наградите на најуспешните ќе бидат доделени на 15 април.