Своите моменти на 7 Детски драмски фестивал во ЦК „Бели мугри“ денеска ги имаа учениците-актери од ОУ „Блаже Конески“……од Велес кои ја одиграа претставата „Светот е полн со убавини“, за која сценариото и режијата ги направија Стефани Андреевска и Костадинка Атанасова, а кореографија е на Цветанка Пајдакова. Улогите ги играа : Матеј Гелев –Детето, Евгенија Ѓорѓиева –фантазијата, Ева Андреевска –Љубопитноста, Мартин Амбарков –Сонот, Дора Пајдакова –Нхма Кхма, Горан Велковски–Мандарин, Благоја Савевски –Буда, Кире Ацевски –Јогурто Гам, Слободан Димовски –пинк Пантер, Ангела Глушкова –Русинка, ВикторијаСтојанова –Македонка, Паола Кадиева –Шпанка, Тамара Коцевска –Ескимка, Вероника Кузмановска –Шкотланѓанка, Марија Мирчевска –Индијанка, Сара Ѓорѓиева –Мексиканка и Александра Неделковска –Турчинка. Дел од претставата е и од Балетски групи –ученици од ООУ „Блаже Конески“.