Учениците од театарската секција на ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци на третиот ден од Детскиот драмски фестивал……настапија први со претставата „Фалцот на змијата“, направена на текст на Трајче Кацаров. Менторството и режисерската улога ги има Билјана Ѓорѓиева-Гаврилова, професор. Настапија : Сашко Николов –Моне, Симона Крстевска – Георгина, Ѓорче Јанакиев –Габриел Ла страда, Александра Јовановска –Цицибела, Стојанче Савев –Докторот, Марио Дејанов –Типот, Никола Митев –Какле Кактус, Борче Христов –Бакле Баксуз, Марио Јанакиев –Таксистот, Махаил Јанакиев –Господин Пепи, Ана Петрова –Гласот од радиото.