Жири комисија на седмиот Детскиот драмски фестивал во состав……Силвана Јаневска –претседател, Вита Ковачева –член, Димче Спасов –член ги додели следните награди:

НАГРАДА ЗА НАЈДОБРО МАШКО ОСТВАРУВАЊЕ на годишниот драмски фестивал се доделува на Матеј Ѓелев за улогата Детето во претставата „Светот е полн со убавини“ во режија на Стефани Андреевска и Костадинка Атанасова а во изведба на Драмската секција при ОУ „Блаже Конески“ од Велес.
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРО ЖЕНСКО ОСТВАРУВАЊЕ и се доделува на Благица Стоименова во претставата „Лошата снаа“ во режија на Душко Ѓорѓиоски а во изведба на Драмската секција при ОУ „Гоце Делчев“ од Виница.
НАГРАДА ЗА УЧЕНИЧКИ ДРАМСКИ ТЕКСТОВИ се доделува на актерите во претставата „Што се случува во нашите животи“ од ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово.
НАГРАДА ЗА НЕГУВАЊЕ И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО се доделува за претставата „Умна глава“ во режија на Томе Постолов а во изведба на Драмската секција при ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш.
НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА се доделува на професор Тодорка Стоименова за претставата „Жената што го пукнала ѓаволот“ во изведба на Драмската секција при ОУ „Страшо Пинџур“ од с. Соколарци.
ГРАН ПРИ –НАЈУСПЕШНА ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА
За најуспешна претстава на годинешниот Детски драмски фестивал се прогласува претставата „Светот е полн со убавини“ во изведба на Драмската секција при ОУ „Блаже Конески “ од Велес.