На вториот ден од Детскиот драмски фестивал се одиграа уште две претстави, при што во претходно најавената програма дојде до една измена. Во 11 часот наместо уениците од кочанското ОУ „Малина Попиванова“ пред публиката се појавија учениците од Берово, од ОУ „Дедо Иљо Малешевски“, кои ја одиграа претставата „Чорбаџи Теодос“. Претставата „Револуционерката од Кочани“ на „Малина Попиваново ќе биде прикажана утре во 11 часот.
Во 13 часот, како што беше предвидено со програмата, на сцената на ЦК „Бли мугри“ своите моменти ги имаа охриѓани од ОУ „Кочо Рацин“, кои се претставија со „Соживот“.
Последната претстава на утрешната програма е „Добриот учител“ на ОУ „Благој Кирков“ од Велес која ќе започне во 13 часот.