Промоцијата на книгата „Кај што има бел ориз има и бел образ“ чиј автор е Доне Донев, професор по македонски јазик и литература, го наполни фоајето на ЦК „Бели мугри“. Овој настан се случи синоќа и е дел од „Петровденските конаци 2015“…
Книгата на Донев е негов магистерски труд, а насловот стара турска поговорка. Оризот, начинот на живот во Кочани години наназад, некои обичаи, поговорки, зборови карактеристични за овој крај, како и стари кочански семејства и личности обработени на поинаков начин се дел од содржината на синоќа промовираното дело на професорот во популарната Гимназија.
Промотор на „Кај што има бел ориз има и бел образ“ беше директорот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, проф. д-р. Зоранчо Малинов.