По повод 75 години од издавањето на стихозбирката „Бели мугри“
од Кочо Рацин, Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани, објавува:
Конкурс
За литературна творба на тема: Бели мугри – современа поезија. Конкурсот има ревијален карактер. Песните не треба да бидат претходно објавувани.
Право на учество имаат сите граѓани на Општина Кочани, Општина Зрновци и Општина Чешиново – Облешево, постари од 16 години. Краен рок на поднесување на творбите е 17. 11. 2014 година.
Творбите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик, со големина на фонт 12, македонска подршка и отпечатени на лист А4 формат (во три примерока).
Творбите се испраќаат на адреса: Национална установа – Центар за култура „Бели мугри“, улица „Кеј на Ревулуцијата“ бб, 2300, Кочани, или по електронска пошта на адресите: ckbelimugri@yahoo.com
Творбите ќе бидат промовирани на 25 ноември 2014 година.
Дополнителни информации во врска со Конкурсот можат да се добијат на телефоните: 033/272-181; 078/271-909 и 078/390-391
Национална установа Центар за култура „Бели мугри“ Кочани