Започнуваат проекциите на македонски игран филм „Соба со пијано“. Првата проекција ќе се случи вечерва во 20 часот во ЦК „Бели мугри“. Влезниците се продаваат по симболични 50 денари. Освен вчерва, проекции на „Соба со пијано“ ќе има и на 10 и 11 октомври. Кочани е еден од првите градови во државата…

…каде што гостува најновиот филм на режисерот Игор Иванов Изи. Главните улоги ги толкуваат Наташа Петровиќ, Јовица Михајловски, Светозар Цветоковиќ, Васил Зафирчев, Фирдаус Неби, Симона Спировска. Сценариото е направено заеднички од режисерот Изи и од Жанина Мирчевска. Филмот му припаѓа на жанрот драма со должина од 102 минути.