Со претставата „Умна глава“ на учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ која ќе биде одиграна денеска во 11 часот……започнува седмото издание на Детскиот драмски фестивал, чиј организатор е НУ ЦК „Бели мугри“ од Кочани. Автор на претставата е Оливера Николова, а режисер Томе Постолов. Настапуваат : Димитриј Стојменов , Рудолф Билиќ , Влатко Гаврилов , Глорија Илиева , Димитрина Дечинова , Ана Марија Гаврилова , Андреј Андонов , Мартин Шапков , Адријана Спасова , Адам Ристов , Јована Богдановиќ , Цане Николовски , Ристе Лазаров , Славе Бехлимов , Давид Поцков , Костадин Дединец , Златка Тракалинова , Стефанија Манасова , Симона Лазарова , Кире Смиленски, Филип Ѓорѓиев , Андон Ѓорѓиев ….
Во 13 часо ќе се одигра втората претстава на првиот ден од ДДФ. Ќе настапи ОО „Страшо Пинџур“ од Соколарци, Општина Чешиново-Облешево, со претставата „Жената што го пукнала ѓаволот“. Ментор на претставата и актерската екипа е Тодорка Стоименова. Играат : Корнелија Атанасова- жената, Драган Анчов- , мажотДеспина Маринкова – сестрата на мажот, Мики Стојанов – сопругот на сестрата на мажот, Симе Атанасов – ѓаволот Ванус, Ивана Тодосиева – ѓавол 1, Емилија Тасева –ѓавол 2, Кристина Крстева – ѓавол 3