На 09.12.2020 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во Центарот за култура ќе се одржи изложба поставка на дела од 8мата ,, Младинската ликовна колонија Св. Пантелејмон 2020 ‘’, која се состои од 11 дела создадени за време на ликовната колонија во Кочани. Оваа година учество земаа талентираните ученици: Давид Јосифов 15 год, Мима Војновска 18год, Ангела Иванова 18год, Павел Николов 18год, Елена Стојанова 16год, Ивона Здравева 17год од Кочани и Нина Савева 16год од Зрновци.
Проектот е во годишната програма на НУЦК ,, Бели мугри ‘’ – Koчани, финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
 
м-р Александра Димитрова
стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн.
 
*Бројот на посетители е ограничен
* Задолжително носење маски
* Задолжителна дезинфекција при влез
Настанот е со физичко присуство ! ! !
Почеток 12.00 часот
Влез 11.45 часот
 
Запазени се сите мерки за заштита :
– Задолжително носење маска
– Мерење температура на влез
– Задолжителна дезинфекција
-Држете растојание !