Како дел од годишната програма на Национална установа – Центар за култура “Бели мугри” – Кочани од 30 октомври до 01 ноември 2019 година беше реализирана 7-та по ред Младинска Ликовна колонија “ Св. Пантелејмон “ 2019 година, која финансиски беше подржана и од Општина Кочани.

Годишната граница на учесниците беше од 10 до 18 години. Учениците беа предводени и организирани од ментор м- р Александра Димитрова стручен соработник за визуелни уметности од НУЦК “Бели мугри”-Кочани, каде преку разговори и сугестии се надоградуваа и реализираа преку сликање и творење. Ликовната колонија Св. Пантелејмон оваа година траеше три дена каде во сите тие денови им претстоеше исполнета програма со активности , дружење, ликовна едукација и образовно – ликовно доусоврашување. Воедно во тридевното престојување беше и презентирана културата во Кочанскиот регион. Годинава 2019, ликовната колонија Св. Пантелејмон ја продолжи својата традиција веќе по седми пат. На колонијата учествуваа ученици по избор од свои професори од Кратово, Ново Село –Струмица и Кочани. На самата ликовна колонија учество земаа 10 учесници и двајца ментори. За време на колонијата учесниците работеа во акрилна техника на платна и секој учесник изработи по едно дело.

Како плод на сработеното од оваа Ликовна колонија ќе биде отворена изложба на 17.12.2019 година( вторник) со почеток од 12:30ч во Салон фоаје 1 при НУЦК “Бели мугри” – Кочани.

Ве покануваме на дојдете и да ја погледате изложбата.