Изложбата на карикатури од „Ин Виница веритас 2014“, од синоќа е пред кочанската публика… Според Славко Данев, директор на ДК „Тошо Арсов“ од Виница, установа која е организатор на Меѓународниот фестивал на хуморот и сатирата, изложбата ги содржи најдобрите карикатури од околу 500 што се пријавиле на конкурсот. Истовремено со изложбата се изврши и промоција на книгата „Никој не сака да биде плашило“, чиј автор е Миле Ѓоргијоски.
Домаќин и организатор на овој настан, заедно со Афористичката репрезентација на Македонија од Кочани, беше ЦК „Бели мугри“.
Директорот на Националната установа, Коце Стојменов, накратко само ги најави двата настана, Славко Данев зборуваше за Фестивалот на хуморот и сатирата, по што настапија афористичарите Миле Ѓорѓијоски, авторите на „Никој не сака да биде плашило“ и Јане Атанасов од Афористичката репрезентација, во улога на промотор на книгата. Се читаа аформизми и се делеа илустрации од прочитаните афоризми. Се создаде убава атмосферата во Фоајето, кое беше полно со гости и пријатели на хуморот и сатирата…
Изложбата од „Ин Виница веритас“ во ЦК „Бели мугри“ ќе претстојува во наредните две недели.