Професорите и поети Љубинка Донева и Сретен Вујовиќ синоќа во фоајето на ЦК „Бели мугри“ ја промовираа стихозбирката „Година без лето“ од Виолета Танчева – Златева. Веднаш потоа се одржа Балканската поетска вечер на кејот на Кочанска Река. Учествуваа поети од Бугарија, Србија, Украина, Црна Гора и Македонија, кои освен што ја читаа својата поезија, свиреа на гитара и пееја.
Вчера беше Јановден, верски празник, на кој „Петровденските конаци“ редовно им припаѓаат на поетите и поезијата.
Вечерва (8 јули) културната манифестација продолжува со фолклорен концерт, настан насловен „Средсело надигрување“. Ќе се одржи на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“ во 20, 45 часот.