По повод 74 години од издавањето на стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин, Националната установа – Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани, објавува:

КОНКУРС

 За литературна творба – песна на слободна тема.

Конкурсот има ревијален карактер.

Песните не треба да бидат претходно објавувани.

Право на учество имаат сите граѓани на Општина Кочани, Општина Зрновци и Општина Чешиново – Облешево, постари од 16 години.

Краен рок на поднесување на творбите е 15. 11. 2013 година.

Творбите треба да бидат напишани на македонски литературен јазик, со големина на фонт 12, македонска подршка и отпечатени на лист А4 формат (во три примерока).

Творбите се испраќаат на адреса: Национална установа – Центар за култура „Бели мугри“, улица „Кеј на Ревулуцијата“ бб, 2300, Кочани, или по електронска пошта на адресите:      ckbelimugri@yahoo.com

 

Творбите ќе бидат промовирани на почетокот на декември 2013 година.

 

Дополнителни информации во врска со Конкурсот можат да се добијат на телефоните: 033/272-181; 078/271-909 и 078/390-391.

 

Национална установа

Центар за култура

„Бели мугри“ – Кочани