ЦК „Бели мугри“ освои две награди на штотуку завршениот Драмски аматерски фестивал на Македонија……кој годинава го доживеа своето јубилејно, 50-то издание (од 26 до 31 мај). Највредната награда што се доделува на најзначјната манифестација на македонските драмски аматери, наградата Гран при, за најдобра претстава отиде во рацете на Аматерскиот театар на Националната установа од Кочани за претставата „Домот на Бернарда Алба“. Членот на Аматерскиот театар на ЦК „Бели мугри“, Марија Ѓоргиева, за улогата на Бернарда во претставата „Домот на Бернарда Алба“ (на текст на Федерико Гарсија Лорка и во режија на Кристина Атанасова – Арсова, професионален актер) ја доби наградата за најдобра женска главна улога.