Новогодишната претстава „Токму на полноќ“ премиерно ќе биде прикажана на 17 декември во 12 часот во ЦК „Бели мугри“. Автор на текстот е Трајче Кацаров, а режисер Силвана Јаневска. Улогите ги играат: Зорица Митева, Сенди Ѓоргиева, Никола Ѓоргиев, Симона Крстевска, Мартина Атанасова и Стеван Богданов. Драгана Андова е дел од актерската екипа како суфлер. Музиката за претсавата, наменета за најмладите, ја напиша Дејан Алексовски. „Токму на полноќ“ претставува целосно продукциско остварување на ЦК „Бели мугри“. Влезницата чини 30 денари.
Освен премиерата закажана за утре, „Токму на полноќ“, ќе се игра и на 18-ти декември во 12 часот, а на 19-ти ќе има две претстави – во 10 часот и во 12, 30 часот.