Училиштето за цртање и сликање при Националната установа – Центар за култура- Кочани, на 27. 01. 2016 година со почеток од 18:00h организира хуманитарна ликовна изложба насловена “ Витраж“ која воедно ќе биде и продажна. Собраните средстава од изложбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Ова е уште еден проект на менторот Александра Димитрова и учениците при установата кои во изминатите четири месеци напорно и вредно работеа на одредената тема.