Промоцијата на книгата „Година без лето“ од Виолета Танчева – Златева е следниот настан на „Петровденските конаци“. Закажан е за 7 јули во 18, 45 часот во фоајето на ЦК „Бели мугри“. Станува збор за поезија на Танчева – Златева, раскажувач и поет, член на ДПМ. Таа досега уште ги има објавено книгите: „Книга за сонот“, „Враќања“, „Враќајќи се во Бориово“, „Шарени писма“, „Мојот Пикасо“ (македонско –српско издание), „Заробеници на молкот“ и „Огнена“. Промотори ќе бидат Љубинка Донева и Сретен Вујовиќ.
Освен промоцијата на „Година без лето“ за 7 јули во рамките на „Конаците“ ќе се одржи и Балканска поетска средба под наслов „На Јановден на конак“. Почетокот е предвиден за 20, 45 часот на кејот на Кочанска Река. Најавени ушеството на Виолета Танчева – Златева,Љубинка Донева, Сретен Вујовиќ Црна Гора, Димитар Христов, Република Бугарија, Доне Донев, Симеон Иванов – Канго, Зоран Пешиќ, Република Србија, Мила Васов,Република Србија, Атанас Капралов, Република Бугарија, Вук Вуковиќ, Црна Гора, Бајрам Шабановиќ, Црна Гора, Анна Багрјана, Република Украина