„Кај што има бел ориз – има и бел образ“, книга на Доне Донев, професор по македонски јазик, автор на дела од поезијата и прозата, ќе биде промовирана на 9 јули во 19, 45 часот во салонот Фоаје на ЦК „Бели мугри“. Станува збор за магистерски труд на Донев, кој, помеѓу другите е и автор и изведувач на монодрамата за гемиџиите.
Настанот е дел од програмата на „Петровденските конаци 2015“.