Седмиот Детски драмски фестивал го отвори Тијана Јовиќ, член на детското драмско студио при Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани……Чест први да настапат имаа учениците од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш, со преставата „Умни глави“ работена според текст на Оливера Николова. Режијата на преставата е на Томе Постолов.
Покровители на Детскиот драмски фестивал се Општина Кочани и градоначалникот, Ратко Димитровски.