Промоција на неколку книги, ликовни перформанси, професионална театарска претстава… фестивал на детска музика, фолклорен концерт, концерт на бугарскиот бенд „Блејк дајмонд“, концерт на Маријан Коцев и Елена Велевска, на Есма и Ансамблот Теодосиевски и Влашки етно-фестивал, се содржините на деветата Меѓународна културна манифестација „Петровденски конаци“, која и годинава ќе се одржи од 1-ви до 12-ти јули во организација на кочанскиот Центар за култура „Бели мугри“. Најголемиот дел од настаните ќе се одржат на летната сцена на Националната установа, крај Кејот на Кочанска Река, во ГТЦ, во Градскиот парк и на Пониква.
„Конаците“ започнуваат на 1 јули со промоција на книгата „Музичкиот инструмент кемане во Македонија“ од авторот Горан Ангелов. Од останатото издвојуваме: на 5-ти јули е претставата „Семејни приказни“ на Ангелчо Илиевски, концертот на „Блек дајмонд“ од Ќустендил е на 10 јули во Трговски, Маријан Коцев, Елена Велевска и Есма настапуваат на 11 јули во Градскиот парк и на 12-ти, Петровден, кога е празникот на Кочани, на Пониква ќе се одржи Влашкиот етно-фестивал, со што завршуваат „Петровденските конаци 2014“

Konaci