Поети од Бугарија, Црна Гора, Македонија и неколку роднокрајни автори учествуваа на Балканската поетска вечер……синоќа што се одржа крај Кејот на Кочанска Река. Настапот на поетите од Балканот е насловен „На Јановден на конак“ и е дел од овогодишните „Петровденски конаци“.
Извадоци од биографијата на поетите читаше Вита Ковачева, а препевот на поезијата на гостите од Бугарија и Црна Гора е направен од Љупка Стојменова.