Балканска поетска вечер е предвидена денеска на Кејот на Кочанска Река……со што започнува втората недела од овогодишните „Петровденски конаци“. Настанот е насловен „На јановден на конак“ и започнува во 20, 45 минути. Најавено е дека на Балканската поетска вечер ќе учествуваат Божо Липовина и Сретен Вујовиќ од Црна Гора, Красимир Петров и Орлин Миланов од Бугарија, ќе има тројца поети од Македонија и четворица роднокрајни автори.