Центарот за култура „Бели мугри“ вчера беше домаќин на промоцијата на новиот роман за деца од Киро Донев, „Јамболија што лае“. Настанот се одржа во малата сала на Националната установа од Кочани.
Книгата „Јамболија што лае“ ја промовираше познатиот македонски автор Горјан Петревски, а на свечениот чин зборуваше и директорот на ЦК „Бели мугри“, Коце Стојменов. Меѓу гостите беше градоначалникот Ратко Димитровски, како и други претставници на Локалната самоуправа.
„Јамболија што лае“ е издание на „Македоника литера“, во чие име на присутните им се обрати Нове Цветановски.