„Семејни приказни“ претстава во режија на Ангелчо Илиевски, со која, тој, треба да дипломира на Факултетот за драмски уметност во Скопје… на одсекот режија, премиерно ќе биде прикажана в недела, 29 јуни. Претпремиерата е закажана за 28 јуни. Премиерата и претпремиерата започнуваат во 20 часот, а ќе се играат во ЦК „Бели мугри“, Национална установа од Кочани, која е копродуцент со ФДУ на „Семејни приказни“. Претставата се игра на сцена, што значи дека ќе можат да присуствуваат ограничен број на гледачи.
Ова денеска на прес конференција го соопшти Коце Стојменов, директот на кочанскиот ЦК, најавувајќи ја претставата што ја режира Илиевски и во која играат Благојчо и Дени Стојанови, Јанка Лефкова и Нина Максимова, а сценографијата е на Катерина Соколова. Сите од актерската екипа заедно со режисерот и сценографот се од Кочани и сите се дипломирани актери на ФДУ во Скопје. Претсавата „Семејни приказни“ (работена на текст на Биљана Србљановиќ) е прва вистинска професионална претстава што се подговила и ќе се игра во Кочани во изминатите педесетина години, од страна на режисер, актери, сценограф што се од Кочани.
После премиерата на 29-ти јуни, „Семејни приказни“ ќе се одигра и на „Петровденските конаци“, меѓународна културна манифестација што започнува на 1 јули и ќе трае до 12 јули. На „Конаците“, кочанската актерска екипа ќе настапи на 5 јули во 19, 45 часот.
„ Претставата се подготвуваше два-два и пол месеци, комплексна е бидејќи се состои од повеќе работи како на пример: во еден помал простор се случуваат семјни приказни инспирирани од едно општество во кое живеат овие деца. Односно, актерите имаат улоги на деца, кои во претставата играат возрасни. Значи, децата се инспирирани од возрасните и при тоа прават свои семејни ситуации. Сите работи, сите елемнти: реквизити, костими, сите актери цело време се на сцена и од тоа се создава еден посебен свет, кој тие го рушат, го надоградуваат и го создаваат повторно. Огромен потфат беше оваа претстава да се направи токму во Кочани, тргнувајќи од финасиската конструкција и сето друго. Затоа упатувам голема благодарност до спонзорите. Јас мислам дека направивме успешна претстава“, изјави на пресот, режисерот Ангелчо Илиевски.