„Семејни приказни“ е најновата театарска претстава што се подготвува во Центарот за култура „Бели мугри“. Проектот е во копродукција на……Националната установа од Кочани и Факултетот за драмскио уметности од Скопје. Режисер е Ангелчо Илиевски, кој со оваа претстава ќе дипломира на скопскиот ФДУ.
„Семејни приказни“ се подготвува на текст на Биљана Србљановиќ, а улогите ги играат Јанка Лефкова, Благојчо Стојанов, Дени Стојанов и Нина Максимова, сите кочанчани и сите дипломирани студенти на ФДУ во Скопје.
Премиерата на претставата, која е камерна и ќе се игра на сцена, најверојатно ќе биде на 29 јуни во ЦК „Бели мугри“. Предвидени се и репризи, најверојатно на 5-ти и на 6-ти јули, со тоа што се можни одредени измени.