Здружението за поддршка на економскиот развој-Локална акциона група-Кочани во соработка со НУЦК „Бели Мугри“-Кочани и поддршка од Општина Кочани објавува Конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Кочани.
Здружението за поддршка на економскиот развој-Локална акциона група-Кочани заедно со НУЦК „Бели Мугри“-Кочани и Општина Кочани ги повикува сите учесници – професионалци, аматери и деца, на Конкурсот да поднесат свои фотографии, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:

1. Мотивите на фотографиите да се од Кочани.
2. Да се достават фотографии со различни мотиви од Кочани, по избор на доставувачот на фотографиите.
3. По желба на доставувачот, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии.
4. Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален jpg формат, со минимална резолуција од 5 мегапиксели.
5. Изборот на фотографиите ќе го изврши специјална Комисија формирана од Здружението за поддршка на економскиот развој-Локална акциона група-Кочани и НУЦК „Бели Мугри“-Кочани, според критериумите утврдени во Конкурсот.
6. Фотографиите не треба да бидат постари од 1 година.
7. Секој учесник може да учествува со само една фотографија
8. Здружението за поддршка на економскиот развој-Локална акциона група-Кочани, НУЦК „Бели Мугри“-Кочани и Општина Кочани го задржуваат правото за свои интерни потреби да ги користат наградените фотографии во некомерцијални цели.
9. Здружението за поддршка на економскиот развој-Локална акциона група-Кочани, НУЦК „Бели Мугри“-Кочани и Општина Кочани ќе организираат изложба за наградените фотографии во просториите на НУЦК „Бели Мугри“-Кочани.
На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија и истите ќе добијат вредни/соодветни награди кои ќе ги обезбеди Општина Кочани.

Здружението за поддршка на економскиот развој-локална акциона група-Кочани ги охрабрува сите, професионалци, аматери, деца и сите оние што го сакаат фотографирањето да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции. Ќе се оценуваат фотографии снимени на кој било дел од градот, во кој било временски период на едно денонокие и фотографии снимени во која било сезона на годината.

Секој кандидат своите фотографии треба да ги испрати по емаил на следнава адреса : foto@ckbelimugri.mk
Насловот на пораката треба да содржи име и презиме на авторот и име на фотографијата.

Конкурсот трае до 31 мај од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.