Започна осмиот Детски драмски фестивал. На сцената на ЦК „Бели мугри“ во Кочани одиграни се првите три претстави. На отворањето вчера имаше убава посетеност, претставите, според оценката на убликата, биле убави за гледање.
Настапија ученици од две училишта од Општина Кривогаштани со три претстави: „Ех, мода, мода“, „Гневот на Зевс“ и „Забранета љубов“.
Денеска на вториот фестивалски ден следуваат ретставите: „Револуционерката од Кочани“ (11 часот) на ОУ „Малина Попиванова“ од Кочани и „Соживот“ (13 часот) на ОУ „Кочо Рацин“ од Охрид.