Национална установа – Центар за култура “Бели мугри” – Кочани има чест да ве покани да ја проследите Промоцијата на романот “До последен здив”.
автор на романот е Анче Пешева:
Родена на 02. 02. 1987год
Живее во Струмица, а досега ги има издадено следниве дела:
“Дно“ (роман 2013г,) “Во трка со времето“ (поезија, електронско издание-Македоника 2015г,) “Дрво без корен“ (автобиографски роман, Македонска реч, 2016,) “Две сонца“ (поезија во подготовка) Романот “До последен здив“ е мој трет роман, се надевам не и последен! 🙂
Романот “До последен здив“ е роман кој нѐ учи на љубов без предрасуди, без стеги, љубов посилна од сѐ… Нѐ учи да живееме за љубовта, но и да ја прифатиме смртта како составен и неизбежен дел од животот. Книга која вреди да се прочита, книга која долго ќе се раскажува.
